Двајца повредени во сообраќајка на патот Куманово-Липково
23.05.2021 20:52
| KumanovoNews
Две лица се повредени во сообраќајна незгода на регионален пат Куманово-Липково.

Сообраќајката се случила вчера во 16.15 часот, помеѓу патничко моторно возило „фоксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.А.(18) од с.Липково и патничко моторно возило „фоксваген венто“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.К.(35) од с.Лопате, кумановско и сопатничка Љ.К.(32) од с.Лопате.
Во незгодата, со тешки телсени повреди се здобила Љ.К., а со повреди се здобил А.А. на кои им била укажана лекарска помош во Медицински центар Куманово. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.