Двајца повредени во сообраќајка во Куманово
05.10.2019 17:47
| KumanovoNews
Две лица се повредени во сообраќајна незгода што синоќа во 21.20 часот, се случила на крстосницата од улиците „Иво Лола Рибар“ и „Денко Драганов“ во Куманово.

До сообраќајката дошло помеѓу патничко возило „фолксваген бора“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.М.(49) од Куманово и мопед „томос-АПН-6“, управуван од А.К.(26) од Куманово.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот, додека со телесни поврди се здобил сопатникот од мопедот, Џ.С. од Куманово.
Тие биле пренесени во болницата во Куманово за укажување лекарска помош.
Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.