Двајца повредени во сообраќајка во Куманово
Две лица се повредени во сообраќајна незгода што вчера претпладне се случила на периферијата на Куманово.

На крстосницата од регионален пат Куманово-Свети Николе и бул.„Трета македонско-ударна бригада“, во 10 часот дошло до сообраќајна незгода помеѓу возило „фолксваген голф“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(35) од с.Биљановце и „фолксваген пасат“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од С.Ј.(23) од Куманово.
Во незгодата С.Ј. се здобил со тешки телесни повреди, а Г.С. се здобила со телесни повреди, констатирани во Општата Болница Куманово. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.