Двајца приведени за разбојништвото на бензинска пумпа во Куманово
03.12.2023 10:40
| Сузана Николиќ
Полициски службеници од СВР Куманово, завчера лишиле од слобода 19 - годишен и 28 - годишен кумановец.

„Тие се сомничат дека на 29.11.2023 на бензинска пумпа на улица „Доне Божинов“ во Куманово физички го нападнале вработениот и со закана му одзеле пари од дневниот промет. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.