Двајца жители на Режановце ќе одговараат за насилство
18.09.2019 08:29
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Ј.Т.(37) и 17 - годишен малолетник, двајцата од село Режановце, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело насилство.
Во јуни годинава на ул.„11 Октомври“ во Куманово, по претходна расправија, пријавените физички го нападнале М.А. од село Љубодраг, при што му нанеле повреди.