Две лица потешко повредени во сообраќајна несреќа на булеварот Октомвиска Револуција
Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа на крстосницата на булеварот Октомвриска Револуција и улицата Глигор Прличев.

Сообраќајката се случила ноќеска еден часот по полноќ помеѓу џип „Чироки“ со кумановски регистарски таблички и моторцикл Јамаха со бугарска регистарција. Џипот го управувал Д.М.(25) од Куманово, а како сопатник во возилото се превезувал Б.П.(26) исто така од Куманово, додека на моторот под дејство на алкохол го возел И.С.(37) од Куманово а сопатничка му била М.А.(26) од Куманово.
Од незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле возачот И.С. и сопатникот М.А.. По укажаната лекарска помош во Општа болница Куманово, поради сериозноста на повредите како итни случаи се препратени во Ургентен центар Скопје.
Увид на лице место на незгодата извршиле Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Куманово, во содејство со увидна екипа од СВР Куманово.