Две лица повредени во сообраќајка на патот Куманово-Никуљане
20.02.2021 11:02
| KumanovoNews
Две лица се повредени во сообраќајна несреќа која се случи на локалниот пат Куманово - Никуљане.

Сообраќајката се случила вчера во 22.20 часот, патничко моторно возило „фолксваген поло“ со кумановски регистарски ознаки управувано од М.Ж.(20) од с. Долно Којнаре-кумановско излетало од коловозот.
Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобила сопатничката А.Т.(20) од Куманово, констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.