Две лица приведени за нанесување тешки повреди на кумановец
10.02.2023 16:34
| KumanovoNews
Полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Б.Т.(46) и С.Н. (50) од село Тромеѓа, кумановско.

Тие се сомничат дека неколку часа претходно, во село Тромеѓа, му нанеле тешки телесни повреди на П.Т.(41), констатирани во Општата болница Куманово.
Б.Т. и С.Н. се приведени во полициска станица, увидот е направен и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.