×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Две независни листи за советници од граѓански иницијативи собираат потписи во Куманово

    26.08.2021 08:57 | Сузана Николиќ

    Граѓанската иницијатива „Фронт за урбано Куманово“ и Граѓанската независна листа „За чисто и хумано Куманово“, собираат потписи за советнички листа во Советот на Општината Куманово за локалните избори. Носител на листитата на „Фронт за урбано Куманово“ е Милош Стаменковиќ, а на „За чисто и хумано Куманово“ Сузана Ѓорѓевиќ.

    Две независни листи за советници од граѓански иницијативи собираат потписи во Куманово

    Од „Фронт“ велат дека се одлучиле да направат независна листа на советници затоа што почувствувале дека граѓаните бараат трета опција, бидејќи се разочарани од владеењето на двете големи политички партии.

    „Ние ќе бидеме гласноговорници на граѓаните и критичари во Советот за девијантните појави кои се случуваат со години во Куманово. Граѓаните имаат реални проблеми, бидејќи кај нас не постои урбано живеење, туку само урбана мафија. Затоа се залагаме да влеземе во градскиот Совет и да ги пренесеме реалните потреби на граѓаните, без политика и лични интереси. Многу сме задоволни што се зголемува интересот за независните листи, тоа е таа еруптивна надеж која се буди во Куманово, а најмногу нè радува дека имаме поддршка од младите“, кажа Ивана Аткинс, која е на листата на советници на „Фронт“.

    Во канцеларијата на Државната изборна комисија (ДИК) во Куманово велат дека има интерес кај граѓаните за давање потписи за двете независни листи и тие досега собрaле по над 250 потписи од потребните 450. Канцеларијата работи од 8 до 20 часот, а за престојниот викенд на 27, 28 и 29 август ќе работи до 21 часот.

    Собирањето потписи на избирачите за кандидирање на локалните избори завршува на 30 август на полноќ.