Мени

Две улици утре без струја

15.07.2015 14:23 | KumanovoNews

 На две улици во центарот на Куманово, утре од 9 до 12 часот ќе нема електрична енергија поради планирани исклучувања, велат од ЕВН Македонија.

Две улици утре без струја

Без напојување на електричната мрежа ќе останат домаќинствата на улиците “Среќко Пужаљка„ и „Професор Мијалковиќ“.

Од ЕВН информираат дека се работи за инвестициони зафати во мрежата за поквалитетна услуга кон корисниците.