×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Еден нов случај со КОВИД-19 во Куманово

    16.05.2020 11:05 | KumanovoNews

     Еден новозаболен од коронавирус е регистриран во изминатото деноноќие во Куманово.

    Еден нов случај со КОВИД-19 во Куманово

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти.

    - Скопје 8

    - Прилеп 2

    - Струга 2

    - Велес 2

    - Гостивар 1

    - Кратово 1

    Во изминатите 24 часа направени се 462 тестирања, а регистрирани се 22 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-9, Куманово-1, Прилеп-4, Тетово-6, Велес-1 и Охрид-1. Досега во земјата се направени вкупно 21010 тестирања на ковид -19.

    Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 171 тест е направен во рамките на скринингот од градинките. Преку ИЈЗ тестирани се 80 лица од Битола, а преку МАНУ тестирано е 91 лице од Скопје и сите се негативни.

    Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (79г), хоспитализирана како сомнителна на ковид-19 на 13 мај, а потврдена позитивна на 15 мај.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1762, бројката на оздравени пациенти е 1267, на починати е 98, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 397.