×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Еден новозаболен од коронавирус во Куманово

    21.05.2020 11:42 | KumanovoNews

     Нов случај на заболен од коронавирус регистриран е во Куманово.

    Еден новозаболен од коронавирус во Куманово

    Во изминатите 24 часа направени се 549 тестирања, а регистрирани се 40 нови случаи на заболени од  КОВИД-19 и тоа во: Скопје-26, Куманово-1, Прилеп-1, Тетово-10, Велес-1, Битола-1.

    Досега во земјата се направени вкупно 23316 тестирања на коронавирус.

    Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 209 теста се во рамките на скринингот. Денеска е потврден 1 позитивен случај-вработен во градинка во Скопје.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти.

    - Скопје 2

    - Штип 1

    - Прилеп 4

    - Велес 2

    - Кочани 2

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни во Скопје состојби почина 56 годишен пациент од Прилеп, лекуван на клиниката од 12 мај.

    Вкупната бројка на КОВИД дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1898, бројката на оздравени пациенти е 1378, на починати е 111, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 409.