×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Еден починат, 19 новозаболени и 11 оздравени од коронавирус во Куманово

    20.09.2020 17:42 | KumanovoNews

     Во Центарот за јавно здравје во Куманово, во последните 24 часа едно лице почина, регистрирани се 19 позитивни и 11 оздравени од корона.

    Еден починат, 19 новозаболени и 11 оздравени од коронавирус во Куманово

    На ниво на државата има 178 нови случаи на ковид-19, а направени се 1368 тестирања. По градови: Скопје 42, Куманово 19,  Кочани 17, Прилеп 16, Тетово 14, Струмица 13, Гостивар 11, Кичево 8, Крива Паланка 2 и др.

    Починати се 4 лица, двајца пациенти од Скопје (61 и 59), пациент од Куманово (69) и пациентка од Штип (70).

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 71 оздравен пациент.

    Досега во земјата се направени вкупно 175.465 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16735, бројката на оздравени пациенти е 13863, на починати е 693, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2179.