29. 07. 2020 21:42

Еден починат, 21 заболен и 23 оздравени од коронавирус во Куманово

Еден починат, 21 заболен и 23 оздравени од коронавирус во Куманово

Нови 21 случај на позитивни на вирусот ковид-19 се регистрирани во Центарот за јавно здравје во Куманово.

Во последните 24 часа се направени 1971 тестирања, а регистрирани се 188 нови случаи на коронавирус. По градови: Скопје 44, Куманово 21, Штип 18, Тетово 24, Струга 21, Гостивар 23, Кичево 10...

Починати се 5 лица, пациентка од Скопје, пациент од Битола, пациентка од Куманово, двајца пациенти од Тетово.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 268 оздравени пациенти од: Скопје 105, Куманово 23, Дебар 2, Штип 1, Прилеп 1, Тетово 41, Струга 22, Велес 5, Битола 3, Охрид 19, Гостивар 12, Радовиш 1, Пробиштип 3, Демир Хисар 1, Св.Николе 12, Кичево 13 и Ресен 4.

Досега во земјата се направени вкупно 99615 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10503, бројката на оздравени пациенти е 5931, на починати е 476, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4096.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk