×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Еден починат и 44 новозаразени од коронавирус во Куманово

    19.11.2020 17:31 | KumanovoNews

     Во последните 24 часа регистрирани се 1198 нови случаи на ковид-19, а направени се 3081 тестирања. По градови:

    Еден починат и 44 новозаразени од коронавирус во Куманово

    Скопје-572, Куманово-41, Дебар-1, Штип-49, Прилеп-53, Тетово-28, Струга-34, Велес-42, Битола-92, Охрид-42, Кавадарци-18, Гостивар-11, Гевгелија-3, Струмица-34, Крива Паланка-11, Радовиш-6, Крушево-6, Кочани-14, Пробиштип-5, Демир Хисар-3, Македонски Брод-3, Пехчево-7, Берово-19, Валандово-9, Виница-11, Делчево-11, Кратово-5, Свети Николе-20, Кичево-33, Ресен-4, Неготино-11.

    Починати се 26 лица, осум пациенти од Скопје (72, 67, 88, 61, 87, 83, 59 и 67), еден од Куманово (80), еден од Штип (67), двајца пациенти од Прилеп (73 и 60), двајца од Тетово (71 и 56), двајца од Струга (68 и 37), двајца од Велес (76 и 55), четири пациенти од Битола (35, 73, 55 и 82), тројца од Охрид (46, 67 и 35) и еден пациент од Гостивар (53г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 621 оздравени пациенти од: Скопје-150, Куманово-41, Дебар-4, Штип-36, Прилеп-42, Тетово-69, Струга-12, Велес-52, Битола-37, Охрид-11, Кавадарци-21, Гостивар-22, Гевгелија-11, Струмица-36, Крива Паланка-4, Радовиш-5, Кочани-12, Пробиштип-8, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-4, Валандово-1, Делчево-6, Кратово-4, Свети Николе-3, Кичево-16, Ресен-3, Неготино-8.

    Во земјата се направени вкупно 303.281 тестирања на ковид -19.  

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 51213, бројката на оздравени пациенти е 30204, на починати е 1423, а бројот на активни случаи изнесува 19586.

    Во Куманово вкупно се заразени 3.272 лица, а активни се 924.