×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Еден починат и 9 новозаболени од коронавирус во Куманово

    08.12.2021 15:09 | Сузана Николиќ

    Министерството за здравство информира, дека во последните 24 часа направени се 3.285 тестирања, а регистрирани се 419 нови случаи на ковид-19.

    Еден починат и 9 новозаболени од коронавирус во Куманово

    По градови во: Скопје – 188, Прилеп и Кавадарци – по 35, Охрид – 28, Битола – 27, Струмица – 18, Штип - 14, Куманово – 9, Велес и Радовиш – по 8, Ресен – 6, Кичево, Кочани и Берово – по 5, Тетово, Неготино и Делчево – по 4, Валандово – 3, Гостивар, Гевгелија, Пробиштип и Кратово – по 2, Струга, Свети Николе, Демир Хисар, Крушево и Демир Капија – по 1.

    Регистрирани сe 211 оздравени пациенти од: Скопје – 135, Битола – 18, Кавадарци – 14, Куманово – 9, Штип – 7, Охрид и Кочани – по 5, Велес, Кратово и Богданци – по 3, Ресен и Неготино – по 2, Тетово, Гевгелија, Пробиштип, Струга и Свети Николе –  по 1.

    Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (70г и 80г) и Велес (72г и 74г) и по едно починато лице од Куманово (88г), Крива Паланка (72г), Кочани (58г), и Македонска Каменица (66г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

    Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се 6 починати лица со датум на смрт од 15.11.2021 до 04.12.2021. Регистрираните починати лица се од Скопје (2), Велес (1), Кавадарци (1), Гостивар (1) и Демир Хисар (1). Починатите лица се на возраст од 73 до 101 години. Три лица се починати во домашни услови и три лица се починати во болнички услови.

    Досега во земјата се направени вкупно 1.491.973 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 218.194, бројот на оздравени пациенти е 204.685, на починати е 7.688, а бројот на активни случаи изнесува 5.821.

    Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
    Скопје 95478, Активни 2746
    Куманово 12963, Активни 191.