Еден починат и четворица новозаболени од коронавирус во Куманово
Кумановска на 85-годишна вораст ја изгуби битката со коронавирусот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, информираат од Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа регистрирани се четири нови случаи на вирусот КОВИД- 19 во Куманово или 36 на територијата на целата земја.
По градови:
- Скопје-22
- Куманово-4
- Прилеп-3
- Струга-3
- Велес-3
- Битола-1
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1117.
Денеска се регистрирани вкупно 18 оздравени пациенти.
Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби си заминаа 11 пациенти, 2 од болницата во Дебар, а регистрирани се и 5 оздравени пациенти (2 од Кочани и 3 од Скопје) кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот.
На Инфективната клиника почина и пациентка од Крушево на 77 години.