×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Еден починат и еден новозаболен од коронавирус во Липково и Куманово

    08.06.2020 13:03 | KumanovoNews

    Во последните 24 часа во Куманово е регистриран еден случај на новозаболен , додека во Липково едно лице починало од коронавирус .

    Еден починат и еден новозаболен од коронавирус во Липково и Куманово

    Во Центарот за јавно здравје во Куманово во последните 24 часа направени се 70 тестирања, од кои 28 се во Општина Липково.

    „Од тие тестирања, регистриран е еден новозрасен пациент од Куманово. Починатиот пациент е маж на 70 годишна возраст од селото Опае. Моментално во Куманово има 26 активни случаи, додека пак во Општина Липково бројката е многу поголема и брои 115 пациенти,“ изјави Афиф Љатифи од Центарот за јавно здравје Куманово.

     На ниво на државата, Институтот за јавно здравје, направи 702 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на КОВИД-19, од кои: Скопје 67, Куманово 1, Дебар 1, Штип 33, Тетово 10, Струга 5, Охрид 6, Кочани 2 и Пробиштип 2.

    Исто така починати се и двајца од Скопје, пациент на возраст од 62 години, хоспитализиран од 5 јуни и пациент на возраст од 78 години, хоспитализиран на 2 јуни.

     Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 7 оздравени пациенти: Скопје 4, Тетово 2 и Гостивар 1

    Досега во земјата се направени вкупно 37027 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 28 теста се во рамките на скринингот во градинки во Кочани, нема позитивни на ковид-19.

    Вкупната бројка на КОВИД дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3152, бројката на оздравени пациенти е 1653, на починати е 156, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1343.

    (Д.Давитковски)