Еден повреден при судир на Пежо и мотор
31.08.2017 11:58
| KumanovoNews
Едно лице е потешко повредено во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случи на ул.„Доне Божинов“ во Куманово.
Сообраќајката се случила во 18,40 часот, помеѓу патничко моторно возило Пежо 206 со кумановски регистарски таблици управувано од М.Б.(21) од с.Сопот-кумановско и мопед „АПН 4“ управуван од Р.М. (69) од Куманово.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Р.М. и на истиот му била укажана медицинска помош во Општата болница Куманово, каде бил задржан на понатамошно лекување.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово. Се работи на целосно расчистување на случајот.