Мени

Еден загинат и двајца повредени при судир на камион и автомобил во кратовско

18.10.2025 14:31 | KumanovoNews

Едно лице загинало, а две се тешко повредни во сообраќајна несреќа на регионален пат во кратовското село Трновац.

Еден загинат и двајца повредени при судир на камион и автомобил во кратовско

Сообраќајката се случила кај место викано „Превалец“, вчера околу 14.30 часот,  помеѓу товарно возило „фиат добло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.Т.(54) од Скопје и патничко возило „дачија сандеро“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од С.В.(33) од Скопје. 

„Во несреќата на местото на настанот починал сопатникот од возилото „фиат добло“ А.А.(38) од Скопје и од страна на лекар констатирана била смрт, а со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, по што биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза““, соопшти МВР.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.