Еден загинат и двајца повредени во сообраќајка кај Страцин
03.05.2020 13:56
| KumanovoNews
Едно лице починало, а две се повредени во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка во близина на селото Страцин.

Сообраќајката се случила во 9.40 часот, кога дошло до судир на две патнички моторни возила „фиат пунто“ со кумановски регистарски ознаки.
Повредените се пренесени во Ургентниот центар во Скопје.