Еден загинат и еден повреден во сообраќајка на „Октомвриска револуција“
29.02.2020 09:25
| KumanovoNews
Едно лице загинало, а друго е повредено во сообраќајна несреќа што утринава се случила на булеварот „Октомвриска револуција“, кај зеленото пазарче во Куманово.

Од СВР Куманово потврдија дека има сообраќајка со смртни последици, а повеќе информации најавија за во текот на денот.
Неофицијално во несреќата учествувало едно возило во кое биле двете лица. Повредениот е пренесен на лекување во Скопските клиники.
Екипи на СВР Куманово и Јавен обвинител вршат увид, по што ќе се знае причината за несреќата.