Еден загинат и тројца повредени при судир на три возила на автопатот Куманово -Табановце
20.01.2024 22:38
| Сузана Николиќ
Во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Куманово -Табановце едно лице загинало а уште три се здобиле со повреди.

„Во 20.30 во СВР Куманово е пријавена сообраќајна несреќа на автопат Куманово-Табановце во која учествувале три возила: голф, поло и бмв. Едно лице починало на местото на настанот, а три лица се здобиле со повреди и се пренесени во болницата во Куманово. Во тек е увид. Ова се првични информации“, соопшти СВР Куманово.