Единаесетгодишно момче исчезнало од дома
28.01.2020 16:18
| KumanovoNews
А.А.(40) од Куманово, вчера во 19.50 часот, пријавил дека од дома се оддалечил неговиот неговиот малолетен син.
Детето излегло во саботата околу 15 часот и од тогаш му се губи секаква трага. Родителите апелираат до сите граѓани кои имаат некаква информација да ја споделат со нив на телефонскиот број 075/ 844 – 348 или да пријават во полицијата.
Од МВР соопштуваат дека преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.