Едно лице загина во сообраќајка на автопатот Табановце - Куманово
12.12.2022 11:20
| Сузана Николиќ
Триесет и шестогодишен жител на липковско село ноќеска загинал во сообраќајна несреќа на автопатот Куманово - Табановце.

„На 12.12.2022 околу 01.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопат Табановце - Куманово, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.А.(36) од с.Лојане, липковско, излетало од коловозот“, соопшти МВР.
На местото на несреќата починал А.А, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош.
Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на несреќата.