Едногодишно дете се затруло со лекови
22.07.2025 12:24
| KumanovoNews
Во Кумановската болница вчера било донесено едногодишно дете, поради труење со лекови.

„Вчера во 18.30 часот од Општа болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено едногодишно дете од општина Липково, кое било затруено со лекови. Извршен бил службен разговор со лекарот и родителите и за настанот бил запознаен јавен обвинител. Се работи на расчистување на случајот“, соопшти МВР.