Мени

Еколошка акција во населбата Карпош

30.10.2025 21:03 | KumanovoNews

Утре од 9:30 до 13:00 часот ќе се одржи еколошка акција на ул. 100 во населбата Карпош во Куманово.

Еколошка акција во населбата Карпош

Акцијата ја организира Одделението за стратешко планирање, креирање политики, следење и локален економски развој (ЛЕР), со поддршка од Општина Куманово, во рамки на проектот „Еко – едукативен центар за деца и млади“. Во неа можат да учествуваат граѓани, институции и здруженија.

„Главната цел на активноста е подигнување на еколошката свест кај населението и поттикнување на младите да придонесат за заедницата преку грижа за почист воздух, вода и почва. Збирно место е на влезот на населбата“, соопштуваат организаторите.

Акцијата ќе се одвива под мотото:„Фитнес за џабе: метла, ѓубре и малку енергија! Приклучи се!”