Еколошката акција „Биди ин, биди фин, користи Recycle Bin” утре во Куманово
04.10.2019 10:20
| KumanovoNews
На Градскиот плоштад во Куманово утре (сабота) во 12 часот ќе започне еколошката акција „Биди ин, биди фин, користи Recycle Bin”, со цел да се исчистат повеќе делови во центарот на градот.
„Акцијата освен за чистење има за цел и подигање на еколошката свест кај граѓаните. Ајде сите заедно да го поддржиме овој настан и да придонесеме за почиста животна средина“, велат организаторите.
Збирно место, за спроведување на акцијата ќе биде пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.
Организатори на акцијата се млекарата „Бучен Козјак“, граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре” и „Пакомак“, со поддршка од Општина Куманово и ЈП „Чистота и Зеленило”.