Експлозија на плинска боца предизвика пожар во семејна куќа
25.06.2020 08:34
| KumanovoNews
Од експлозија на плинска боца предизвикан е пожар во семејна куќа во населбата Карпош. Експлозијата била предизвикана вчера околу 15 часот, а со брза интервенција на Противпожарната единица (ТППЕ), пожарот не се проширил.

„ТППЕ Куманово бележи интервенција на опожарена плинска боца во период од 14,55 часот во семејна куќа на ул.50 бр.7 нас.Карпош. Интервенирано со 1 ПП возило и 3 пожарникари. Пожарот е локализиран и завршен во 15,25 часот. Нема причинето поголема материјална штета“ соопштуваат од Противпожарната единица.