На ГП Табановце се чека триесетина минути
28.06.2025 09:47
| KumanovoNews
На граничниот премин Табановце утрово се чека околу 30 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Авто мото сојузот на Македонија информира дека интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен.
Со почетокот на туристичката сезона се зголеми протокот на патници и возила низ државата, а со тоа и времето за поминување на најфреквентниот граничен премин. Најголеми гужви е создаваат за викенд и кога се смените за одмор во туристичките места во земја и во Грција.