Еуросупер 98 поскапе за половина денар
За половина денар поскапува ЕУРОСУПЕР-98, а цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОДИЗЕЛ горивата остануваат непроменети. Екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за половина денра, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Дизелот од 98 октани и ќе се продава за 64 денари за литар, а новата цена на екстра лесното масло за домаќинство изнесува 36,5 денари. Минимално поевтинува и мазуот.
Новите цени на горивата со минимална корекција важат од полноќ. Малопродажните цени на бензинот од 95 октани и на дизелот на се менуваат и остануваат 62 и 48 денари.
Во просек, цените се намалуваат за 0,25 проценти. Во изминативе две недели, суровата нафта на светските берзи поскапела, а курсот на денарот во однос на доларот бил понизок.