Фатени 17 мигранти од Бангладеш кај Костурник
28.09.2019 10:31
| KumanovoNews
На автопатот Куманово-с.Табановце, кај с.Костурник, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „фиат дукато“ со велешки регистарски ознаки, но возилото не застанало и се вратило назад кон Куманово.

По кратко време, возилото запрело, а при негов преглед биле пронајдени 17 мигранти од Бангалдеш, од кои осум биле малолетници.
Тие се привремено сместени во Транзитниот центар Табановце.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.