Фатени крадци на „Октомвриска револуција“
05.11.2019 12:11
| KumanovoNews
Полициски службеници од СВР Куманово, утринава во 4 часот по полноќ, на бул.„Октомвриска Револуција“ ги лишиле од слобода Б.Б.(47) и В.Д.(39), двајцата од Куманово, поради сторено кривично дело „тешка кражба“.

Кај нив биле пронајдени и одземени текстилна стока, разновидни алати, техничка стока и други предмети.
По целосно расчистување на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.