×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Филипче до медиумите: Честитам за влогот во борбата со КОВИД-19

    03.05.2020 18:47 | KumanovoNews

    На Mеѓународниот ден на слободата на медиумите, министерот за здравство Венко Филипче, упати честитка и огромна благодарност до медиумите и медиумските работници во нашата земја, за нивниот влог во справување со борбата со КОВИД-19.

    Филипче до медиумите: Честитам за влогот во борбата со КОВИД-19

    „Од првиот ден кога, како земја, се соочивме со вирусот кој го промени животот на милиони луѓе ширум светот, бевме уверени дека само точна, навремена и транспарентна комуникација може да придонесе во сузбивање на паниката и подигнување на јавната свест за една од најголемите закани по светот во изминатите децении.

    Паралелно со справување со пандемијата, светот се бори и со дезинформации и лажни вести, кои во вакви услови можат да бидат поопасни и од самата пандемија. Од друга страна, точните информации и известувањето базирано на факти се лек за човештвото и единствен начин да се добијат големите битки.

    Во вака комплексно опкружување, медиумите и медиумските работници се повеќе од спрега помеѓу институциите и јавноста. Тие се партнер кој рамо до рамо со институциите игра важна улога во справување со кризата. Нашите медиуми професионално одговорија на предизвикот и останаа на висина на задачата за што сум искрено благодарен.

    Отворени институции, слобода на медиумите, фер и транспарентно известување е кодекс кој треба да го следиме во криза, но и во мирнодобски услови. Само така потврдуваме дека сме посветени на демократските вредности и дека водиме грижа за еден од основните столбови на демократијата“, - напиша Филипче.