×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Филипче: Можен е карантин во некои општини, доколку не се почитуваат мерките

    29.05.2020 12:53 | KumanovoNews

    Сакам јасно да порачам дека повторно ќе воведеме рестрикции на некои места согласно бројот на новодијагностицирани, ако  епидемиолошката состојба тоа го налага, рече на денешната прес-конференција министерот Венко Филипче, откако неколку денови по ред имаме голем број на новодијагностицирани случаи.

    Филипче: Можен е карантин во некои општини, доколку не се почитуваат мерките

    Комисијата за заразени болести ќе дискутира за ова прашање, во текот на наредните денови ќе ја следи состојбата и согласно новонастанатата ситуација ќе се носат одлуките.

    „Утрово на состанокот на Комисијата за заразни болести тоа го дискутиравме, ќе ги анализираме податоците, бројките и од следните денови во текот на викендот и врз основа на тоа ќе ги носиме одлуките. Во моментот заради стабилната состојба на здравствената капацитети и познати кластери се` уште нема потреба за тоа. Но пак, повторувам, будно ја следиме состојбата, ако има потреба повторно ќе воведеме такви мерки“, додаде министерот Филипче.

    Министерот Филипче, побара и од Министерството за внатрешни работи поголема контрола и санкции, бидејќи огромен процент од новозаболените се како резултат на непочитување на мерките за самоизолација и за лична заштита.

    Потенцираше и дека еден од новите поголеми проблеми со коишто се соочуваат епидемиолозите е одбивањето за соработка на новодијагностицираните, односно давање невистинити информации, адреси, при што тешко можат да се достават решенија за самоизолација.

    Во моментот, поголема концентрација на случаи на коронавирус има во скопските општини Сарај, Чаир, Бутел, Гази Баба и Аеродром. Новодијагностицираните пациенти се заразиле и кога имало строги рестриктивни мерки.