Финишира изградбата на олимписката чешма
05.09.2019 09:28
| KumanovoNews
Завршени се градежните работи и се чека хортикултурно уредување за да биде пуштена во употреба новата чешмата посветена на олимпијците во Куманово.
Олимписката чешма се наоѓа во центарот на градот, пред хотелот Кристал, а на неа ќе бидат испишани имињата на кумановските олимпијци Аце Русевски, Реџеп Реџеповски и Бранимир Јовановски.
“ Ова ќе биде еден скромен допринос на Општината за заслугите кои постигнаа нашите сограѓани олимпијци, - изјави градоначалникот Максим Димитриевски, кога почна изградбата пред два месеци.
Оваа година Куманово е прогласено за Европски град на спортот во 2019, па во тој дух е и изградбата на олимписката фонтана, за да се оддаде признание на спортистите кои го прославиле Куманово низ светот.

