×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Фирмите кои ќе користат субвенции од државата не смеат да отпуштаат работници

    06.05.2020 07:51 | KumanovoNews

    Владата на вчерашната седница донесе уредба со законска сила, за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за време на вонредна состојба, со која се  утврдува дека фирмите коишто ќе ја користат оваа мерка не смеат да отпуштаат работници.

    Фирмите кои ќе користат субвенции од државата не смеат да отпуштаат работници

    Со оваа измена се усогласува уредбата за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено–економската криза предизвикана од коронавирусот КОВИД-19, заради исплата на платите, односно со неа се предвидува можноста најпогодените сектори угостителството, туризмот, транспортот, да користат и друг вид на поддршка предвидена освен со оваа уредба.

    - Се утврдува дека работодавачот кој ќе користи мерка за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување, не смее да го намали бројот на вработени во месец април 2020 година, како и два месеци после нејзиното престанување (заклучно со месец август 2020 година), освен во оправдани услови дефинирани во законот за работни односи, како пензионирање или откажување на договор од страна на работникот, но не повеќе од утврдениот процент, - соопштуваат од Владата.