Физичка пресметка помеѓу поранешни сопружници, двајцата пријавиле напад во полиција
04.02.2024 21:14
| KumanovoNews
Поранешни сопружници пријавиле во полицијата дека биле жртви на физички напад.

„Вчера 38 - годишен маж од Куманово пријавил дека бил физички нападнат од неговата 35-годишна поранешна сопруга. Подоцна и неговата поранешна сопруга пријавила дека и тој физички ја нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти Кумановската полиција.