×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ФКК Козјак задоволни од хуманитарната акција за Никола

    02.04.2014 16:24 | KumanovoNews

    Изминатиот викенд Фото Кино Клуб „Козјак“ одржа хуманитарна аукција на клубски фотографии која беше отворена за сите љубители на уметничката фотографија и хуманите луѓе.

    ФКК Козјак задоволни од хуманитарната акција за Никола

    Продажбата се одржа во кафе бар Перон 7 на која беа изложени фотографии кои се наградувани ширум светот. Почетната цена на секоја фотографијата беше 300 денари. А средствата беа наменети за Никола Вултеиќ.

    Целта која си ја поставивме ги надмина сите наши очекувања. Ниту една фотографија не остана непродадена.Тргнавме од најниска можна цена од 300 денари за да аукцијата на фотографиите достигне цена над 1000 денари. Им се заблагодаруваме на сите учесници кои не поддржаа во прибирање на средства за помош на Никола Вулетиќ, сите присутни на аукцијата, граѓаните кои покажаа разбирање и хуманост како и спонзорите и членовите од клубот-изјавија од ФКК "Козјак".

    Одкако пред две недели клубот фотографираше на гратскиот плоштад, ова е втора активност како дел од акцијата „Фотографирај се за Никола Вулетиќ“. Средствата кои се соберени се донирани на сметката на семејството.