Фолтин ќе одржи концерт во Кумановскиот театар
31.10.2019 12:52
| KumanovoNews
Во Театар Куманово, утре во 20.30 часот, концерт ќе одржи групата „Фолтин“.

Организаторите ги повикуваат сите заинтересирани да присуствуваат на овој концерт, за кој влезот е слободен.
Концертот се спроведува во рамките на проектот „Нов културен бран“, каде претходно на 24-ти октомври „Фолтин“ одржа концерт во Неготино, а во ноември ќе настапи во Крива Паланка.
Оваа група во Куманово, настапуваше и на фестивалот „Арт Атак“, кој оваа година за првпат се одржа на плоштадот во Куманово и на кумановската публика и` приреди одлична забава.