Форумот на жени на СДСМ организира хуманитарна акција
        19.12.2014 11:23
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Форумот на жени на СДСМ Куманово заедно со Црвен Крст, утре организира акција за собирање на топла облека и обувки за сиромашните граѓани.
                  Акцијата со мото “Дарувај од срце“ ќе се одржи утре во 12 часот на Градскиот плоштад. Оваа собирна акција се организира по повод претстојните Новогодишни и Божиќни празници. Граѓаните кои сакаат да донираат, можат облека и обувки да остават и во партиските простории на СДСМ во зградата на Комитет секој работен ден од 9 до 21 часот.


                  
                  
                  
                  
                  
                  



