Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Фото клубот Куманово, по шести пат организира бесплатна школа за уметничка фотографија, во која учество може да земат сите заинтересирани граѓани.
Фото школата ќе биде поделена на два дела: историјата, техничките и уметничките сегменти на фотографијата и дигитална обработка на фотографијата.
За време на фото школата ќе бидат ораганизирани повеќе фото-сафари во Куманово и околината. Исто така, раководителите на фото школата ќе се потрудат да овозможат предавања на познати домашни и светски фотографи со цел да се доближат до актуелните трендови во уметничката фотографија. Предавањата ќе ги држат Владимир Јовановски и Марина Крстиќ (претседател), заедно со останатите членови на фото клуб Куманово, - соопштуваат од клубот.
Предавањата ќе бидат одржувани во просториите на фото клуб Куманово.
Учесниците што ќе ја завршат фото школата ќе се стекнат со сертификат за завршен курс издаден од страна на фото клуб Куманово и со тоа ќе добијат право да станат членови на Фото клубот Куманово.
Најуспешните фотографии ќе бидат изложени на „Малински фото фестивал“, 2020.
За да се пријавите или за повеќе информации контактирајте на: [email protected].