×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Фризерско студио и академија „Нате“ со лиценца за обука на ученици и возрасни

    20.06.2021 19:09 | KumanovoNews

     Фризерското студио и академија „Нате“ во Куманово, од минатата година работи по програма верифицирана од Министерството за образование и наука и Центарот за образование за возрасни, за едукација на ученици и возрасни.

    Фризерско студио и академија „Нате“ со лиценца за обука на ученици и возрасни

    Тие се вклучени во програмата за дуално образование за практична настава на учениците од фризерско-козметички насоки во средните училишта, во обуки преку програмите за Агенцијата за вработување, но организираат и индивидуални курсеви за ученици кои сами ќе се пријават за изучување на фризерскиот занает.

    Ова ново искуство за сопственичката Наташа Додевска и нејзиниот тим им дава едно поинакво светло и ја зацврстува позицијата на висока професионалност и квалитет во работата.

    „Во нашето студио досега поминаа повеќе групи на практиканти. Тука беа и десетина ученици од средното училиште „Киро Бурназ“. Јас сум презадоволна од нивниот интерес и покажаните резултати, се надевам дека откако ќе завршат со праксата ќе продолжат да работат. Ги повикувам сите млади луѓе, па и оние повозрасни кои имаат желба и талент за оваа работа да се пријават на новите термини за практиканство и да работат на свое усовршување. Нашата работа е креативна, посетуваме саеми, семинари, едукации, натпревари и што е најважно по завршување на парктиканството има сигурна работа. Можат да работат во фризерско-козметичките салони или да отворат свој сопствен бизнис“, вели Додевска.

    Таа додава дека нивната работа е креативна, но истовремено и многу одговорна, затоа што најчесто е врзана со најзначајните и најрадосните моменти во животот на секој човек, па затоа мораат да дадат се од себе нивните клиенти да бидат задоволни.

    Фризерското студио „Нате“ работи повеќе од 20 години и едно од најпрепознатливите фризерски имиња во градот, бидејќи секогаш е во чекор со времето и светските модни трендови.

    Тимот професионалци редовно учествува на домашни и меѓународни натпреварувања, од каде што има освоено повеќе награди и признанија.

    (С.Н.)