Фрлена кашикара на полициската станица во Куманово
09.12.2014 22:05
| KumanovoNews
Вечерва околу 22 часот во полициската станица во Куманово, непознати сторители активирале експлозивна направа.
Според неофицијални информации најверојатно се работи за рачна бомба кашикара, која била подметната во шахта од улицата кај основното училиште „11 Октомври„ . Од експлозијата нема повредени само е оштетено едно возило.
Од СВР Куманово се недостапни да дадат официјални информации за бомбашкиот напад на станицата.