Фрлиле запалива течност на паркингот на „Октомвриска“, па нападнале едно лице
01.02.2020 19:42
| KumanovoNews
Непознати лица синоќа фрлиле запалива течност на паркинг просторот кај „Мај маркет“, а потоа физички нападнале едно лице.

Случајот во 21.00 часот во СВР Куманово, го пријавил Ј.К., кој кажал дека на паркинг простор на ул.„Октомвриска револуција“ во Куманово, непознати лица фрлиле запалива течност.
На местото на настанот излегле полициски службеници од СВР Куманово, каде од В.Т.(26) од Куманово им било пријавено дека на истото место, околу 21.00 часот, неколку лица физички го нападнале.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.