×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Газдите нека исплатат плата ако се во можност, државна помош ќе добијат штом ќе се изгласа законот, велат од УЈП

    03.11.2020 14:09 | KumanovoNews

    Работодавачите кои имаат можност да им исплатат плата на вработените, тоа да го сторат веднаш, а по донесувањето на законот ќе имаат можност да го поднесат барање за добивање помош, велат од Управата за јавни приходи (УЈП).

    Газдите нека исплатат плата ако се во можност, државна помош ќе добијат штом ќе се изгласа законот, велат од УЈП

    Владата го усвои четвртиот сет на економски мерки за помош на економијата во услови на ковид-19, кој, меѓу другото, предвидува директна финансиска поддршка на приватниот сектор и стимулирање на компаниите за враќање и задржување на работниците на работните места. Овој предлог закон е во собраниска процедура и очекуваме да биде донесен во најкраток можен рок.

    „Имајќи го предвид фактот дека законот сè уште не е донесен како и краткиот рок за поднесување на барањето за финансиска поддршка за исплата на платите на работниците, работодавачите кои имаат можност за исплата на платата, може истото да го сторат веднаш, а по донесувањето на законот ќе имаат можност да го поднесат барањето и да направат корекција на МПИН образецот за користење на финансиска поддршка за исплата на платите“, велат од УЈП.

    Барањето за  финансиска поддршка на работодавачите за исплата на плати ќе се поднесува до УЈП преку системот е-Даноци, a УЈП во рок од 3 дена ќе ја провери и потврди комплетноста на барањето.