Мени

Генерал Котески го посети Кумановскиот гранизон

18.03.2014 15:52 | KumanovoNews

Генерал потполковник Горанчо Котески, началникот на ГШ на АРМ денеска ја посети Здружената оперативна команда (ЗОК) на АРМ и гарнизонот Куманово.

Генерал Котески го посети Кумановскиот гранизон

Тој направи увид во состојбата на инфраструктурата и објектите , борбената техника и вооружувањето на АРМ во гарнизон Куманово.

Генералот Котески побара во наредниот период, посебен акцент да биде ставен на рационалното искористување на објектите со кои АРМ располага во кумановски гарнизон, како и ослободување од неперспективната техника и опрема.