×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Генералка викенд“ на Спомен Костурницата во Куманово

    17.05.2024 12:16 | Оливера Пешевска

     Педесетина ученици и наставници од средните училишта денеска учествуваа во еколошка акција „Генералка викенд“ на Спомен Костурницата во Куманово, која ја организира невладината организација „Мен енд маунтен“, со поддршка на Општина Куманово и ЈП „Чистота и зеленило“.

    „Генералка викенд“ на Спомен Костурницата во Куманово

    „Мислам дека ваквите акции во иднина треба да бидат се помасовни и апел до сите граѓани, да се воздржуваат од несовесно однесување и уништување на животната средина. Бидејќи нејзина заштита зависи од повеќе фактори, од јавното претпријатие и комуналните служби, меѓутоа пред се зависи од самата совест на граѓаните“, истакна Даниел Стојчевски, директор на ЈП „Чистота и зеленило“.

     Акцијата се одржува по 4-ти пат, најмасовно досега, вклучени се сите 81 општини од државата, како и Националните паркови Шар Планина и Галичица.

    За секои 10 кг. собран отпад, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, заедно со Националните шуми посветуваат по 1 дрво во нивните годишни планови за пошумување. Истите правила важеле и минатата година, била соберена поголема количина на отпад, па за Куманово биле обезбедени 200 висококвалитетни садници.

    Точните локации каде ќе бидат засадени тие садници се уште не се прецизирани, но подоцна одговорните ќе ги разгледаат сите можности и потреби на градот, за да се раззелени онаму каде што има најголема потреба.