Ги фатиле додека краделе во куќа на „Народна револуција“, приведени двајца кумановци
26.09.2019 14:10
| KumanovoNews
Полициски службеници од СВР Куманово, ноќеска 20 минути по полноќ, во двор од куќа на ул.„Народна револуција“ во Куманово, ги уапсиле А.А.(23) и В.А.(24), двајцата од Куманово.

Тие биле затекнати додека извршувале тешка кражба во куќата, а покрај нив биле пронајдени одземените предмети од куќата и возилото „Рено лагуна“, кое го управувале.
Приведени се во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Уште едно лице кое било со нив успеало да избега.