Ги нападнале, па со дрвени предмети оштетиле автомобил
24.12.2019 15:36
| KumanovoNews
Четири момчиња од Куманово пријавле дека ноќеска по полноќ биле нападнати од неколку лица во населбата Проевце.
Нападот во Полициската станица го пријавиле, А.А.(24), А.С.(20), М.А.(20) и А.С.(28), сите од Куманово, кои кажале дека околу 00.10 часот во с.Проевце, кумановско, биле физички нападнати од Н.Н., кого го познавале од порано и неколку други лица. Тие со дрвени предмети го оштетиле патничкото возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, со кое пристигнале на местото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.